Орав: Едно прашање ги дели партиите од договор

by Fokus

Aмбасадорот на ЕУ, Аиво Орав истакна дека договор не е постигнат само поради едно прашање, но не даде конкретен одговор за кое прашање станува збор. Неофицијално партиите не можат да се договорат околу ингеренциите на министерот за внатрешни работи.

Според него, направена е значајна работа, постигнат бил договор околу сите прашања освен за едно и изрази надеж дека преговорите за тоа прашање ќе продолжат што е можно поскоро.

Од она што е договорено, Владата ќе има мандат од 100 дена и би била функционална од август, доколку изборите бидат до крајот на годината.

Составот на ад-хок телото ќе го предложат партиите, 4 члена, додека петтиот член ќе биде избран по договор меѓу избраните. Тоа тело ќе санкционира и мониторира како ќе известуваат медиумите 100 дена пред изборите.

Поврзани новости