Орана бара Тачи да остане лидер на ДПА

by Фокус 13:43
13:43

Советникот на ДПА во Град Скопје Идриз Орана, кој на изминативе избори беше носител на партиската пратеничка листа во првата изборна единица, прв јавно изрази несогласување со одлуката на лидерот Мендух Тачи да се повлече од претседателската позиција, најавувајќи и тој ќе се повлече од претседателското место во чаирскиот огранок на партијата доколку Тачи дефинитивно опстои на одлуката за неотповиклива оставка.

Тој во изјава за Фокус вели дека во моментов нема поподготвен политички лидер во земјава од Тачи, кој, според него, треба да продолжи да ја води партијата, бидејќи изборите не беа фер и изборните резултати не ја рефлектираат изборната волја за да бидат мерило за политичка одговорност.

- Advertisements -

-Ако одиме по погиката оној што ги изгубил изборите, тогаш и Биљаљ Касами и Зијадин Села пред изборите велеа дека ако не победат ќе се повлечат, па зошто тогаш тие не се повлечат од лидерското место? На сите избори ние почнуваме од нула, а на овие вака-така ДУИ пак победи, па тогаш зошто сите бараат оставка од Тачи, а другите не се повлечат? Зошто да им давам отчет на Албанците кои го дадоа гласот за СДСМ? – вели Орана.

В.С.

Поврзани новости