„Ора њуз“: Преку Ќафасан не се дозволува влез на албански сезонски работници во Северна Македонија!

by Fokus

Албанската Ора њуз пренесува дека со посебна наредба од македонска страна, денеска не им бил дозволен влез на 150 албански сезонски работници во Северна Македонија, преку преминот Ќафасан, кај Струга.

-Не се познати причините за ваквата одлука од македонска страна, ниту до кога тоа ќе трае. Сепак, најверојатно се поврзува со смртта на албанскиот државјанин пред три дена кој бил ангажиран во охридско, а во текот на работата се повредил и починал, наведува Ора њуз.

Се додава дека поради оваа причина, албанските работници кои влегуваат наутро и излегуваат навечер од македонска територија, не им бил дозволен влез бидејќи работат на црно.

Телевизијата наведува дека планирана е средба на надлежните на преминот.

Според извори на македонската полиција не станува збор за никаква наредба за забрана за влез на албански граѓани. Оние на кои не им е дозволен влез не поседувале валидни документи за влез и престој во Северна Македонија

Поврзани новости