Општина Центар стави забрана за градење во наредните два месеци

by fokus 21:49
21:49

Општина Центар ја стопираше реализацијата на сите досега донесени Детални урбанистички планови (ДУП), пренесе СДК.

Советот на Општината денеска по предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ ја изгласа одлуката за стопирање на 31 ДУП, што значи дека нема да се издаваат дозволи за градба.

Мораториумот за градба ќе трае два месеца, до тогаш треба да заврши ревизијата на плановите и да се донесе одлука кои планови треба да се изменат. Од Општината велат дека причина за стопирање на плановите е тоа што голем дел од нив се носени во доцните ноќни часови и не е изготвен извештај за стручната расправа и јавна анкета.

Поврзани новости