Општина Центар: Случајот со коксаки вирусот не е на наша територија, но ќе ја следиме состојбата

by fokus

Општина Центар вечерва информираше дека заболеното дете од коксаки вирус не е од градинките на територија на општината, но дека ќе продолжат да ја следат состојбата.

-По информацијата во медиумите дека во скопска градинка има случај на дете заболено од коксаки вирус, општина Центар веднаш контактираше со директорите на градинките кои се на територија на општината.
Ја информираме јавноста дека случајот не се однесува на дете згрижено во градинка на подрачје на општина Центар.
И натаму внимателно ќе се следи состојбата, бидејќи станува збор за опасен вирус кој е наречен и вирус на валкани раце. Редовно се преземаат мерки за проверка и се внимава максимално на хигиената, се вели во соопштението.

Поврзани новости