Општина Центар: Панчевски призна дека дивоградбата не е политичка хајка против него

by fokus

Општина Центар ја информира јавноста дека сопствениците на објектот на ул. Никола Вапцаров бр.6, меѓу кои е Владимир Панчевски, претседателот на Основниот Суд 1, започнале самостојно со рушење на незаконски изградената надградба. За надградбата на овој објект, општинската инспекција утврди дека е дивоградба и беше издадено решение за рушење.

-Иако инвеститорите првично негираа дека станува збор за бесправно градење, со денешната одлука самостојно да си ја срушат надградбата, тие всушност потврдија дека незаконски подигнале уште два ката на зградата. Оттаму, паѓаат во вода обвинувањата дека инвеститорите биле обесправени и оштетени од страна на општината или, пак, дека се врши наводна политичка хајка, велат од општина Центар.

Општинската инспекција е на терен и го следи рушењето кое е во тек. Инспекторите треба да утврдат дали инвеститорот ќе постапи во целост, согласно одлуката, односно дали целосно ќе ги отстрани доградените спратови.

Поврзани новости