Општина Кривогаштани и градоначалникот се покровители на избор за Летен фолк хит: Целта е да го подобриме културниот живот!

by Fokus

Македонија ќе добие Летен фолк хит за 2022 година, на настан кој е под покровителство на Општина Кривогаштани и градоначалникот Никола Мискоски, а истиот ќе се одржи на 23-ти август, во паркот пред гостилницата Деспина во Кривогаштани.

Голем број на музички имиња од фолк естрадата се најавени како учесници на изборот, а градоначалникот Мискоски упати јавна покана до јавноста, да се придружи на изборот на Летен фолк хит на Македонија за 2022 година, потенцирајќи дека целта на ваквите настани е подобри културниот живот во општината.

Организатор на изборот е Модното студио Санел, од каде информираат дека се предвидени парични награди за победникот од публика и од жири, како и за второ и третопласираните учесници. Ќе се доделува и награда за најдобар сценски настап.

Сања Ристеска, Ирена Спасовска, Дарко Билбиловски, Туше, Филип Кузмановски и уште десетици други фолк музичари ќе учествуваат на фестивалот, кој годинава за прв пат се одржува во Кривогаштани и се очекуваат најмалку 2.000 посетители.

Вики Клинчарова

Поврзани новости