Општина Кочани од 2012 година примала уплати по основ на надоместок за угостителски објект за кабарето „Пулс“

by fokus

Денеска обвинителството ја објасни улогата на градоначалниците на Кочани, кои се осомничени во истрагата за трагедијата во Кочани. Во текот на вчерашниот ден беа уапсени градоначалникот во оставка Љупчо Папазов и поранешните двајца градоначалници, Ратко Димитровски од редовите на ВМРО ДПМНЕ и Николче Илијев од редовите на СДСМ.

-Осомничените тројца градоначалници на Кочани во периодот од 2012 година до 16.03.2025 година, како и осомничени двајца поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување не ги извршиле своите правни обврски согласно Законот за заштита и спасување, со што овозможиле Кабарето ПУЛС незаконито да продолжи со вршење на угостителска дејност, спротивно на Законот за угостителска дејност и другите пропишани услови согласно закон. За целиот тој период општината примала уплати по основ на надоместок за угостителски објект.
Во однос на активностите на Државниот пазарен инспекторат и Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи продолжува да врши проверки во насока на утврдување на сите пропусти во текот на целиот временски период на работа на клубот, информираа од Обвинителството.

Поврзани новости