Општина Кисела Вода: Невремето направи штета по улицата „Мариовска“, но екипи веднаш излегоа на терен и санираа

by fokus

Општина Кисела Вода реагираше на веста со наслов Дождот однесе половина улица во Кисела Вода  објавен на Фокус за, како што велат, да ја прикажат „објективната слика“.

-Имено, Општина Кисела Вода, преку финансиска соработка со Светска Банка, започна со голем проект за изградба на атмосферска канализација по улиците во населбата Пржино. Се работи за атмосфеска мрежа во должина од околу 5 км. Бидејќи овој зафат е со поголем размер, граѓаните навремено беа информирани дека за изградба на оваа мрежа се потребни 10 месеци и дека ваквите состојби ќе бидат доста чести затоа што за работи за прекопи по глвни улици. Денешното невреме направи штета по улицата Мариовска, меѓутоа, екипите на Вардар Градба кој е изведувач на градежните работи, веднаш излегоа на терен и во моментов се собира излеаниот тампон од прекопите. Во прилог, ви испраќаме и фотографии направени веднаш по невремето, во 19 30 часот, каде се докажува и претходно кажаното. Повторно прекопите се полнат со тампон, по што целосно ќе биде исчистено до спојот со улиците Народни Херои иДимо Хаџи Димов. Ги молиме граѓаните за разбирање и трпение. Нашите екипи се и секогаш ќе бидат на терен во вакви и слични ситуации со цел евентуалните проблеми да бидат што побрзо надминати, објаснија од Општината.

 

Поврзани новости