Општина Кавадарци ќе се бори против загадувањето со варење ракија на плин

by fokus

Општина Кавадарци ќе дава субвенции на кавадарчани кои наместо на дрва, ракијата ќе ја печат со помош на плин. Општината целосно ќе го покрие трошокот на оние кои ќе го сменат механизмот за загревање на казаните, соопшти вчера градоначалникот Александар Панов.

-Според нашите анализи најголем загадувач во овој период се луѓето кои печат ракија, решивме да им помогнеме во намалување на нивните трошоци. Така наместо со дрва, лозанки, крпи и пластични материи, печењето на ракија да го обават користејќи го најеколошкото средство со кое располагаме, а тоа е плинот. Доколку ова се повторува воконтинуитет неколку години, доколку стигнеме до поголем процент на луѓе кои ќе користат плинза печење на ракија, тогаш мислам дека ќе имаме многу ниско ниво на загадување. Тоа е тоа што ние како локална самоуправа и како граѓани можеме да го направиме, рече градоначалникот.

Тој појасни дека по набавката и инсталирањето на новиот механизам за загревање на казаните од страна на корисниците, целокупниот платен износ со соодветна финансиска документација, ќе треба да ги достават до локалната самоуправа, која во најбрз можен рок ќе им ги врати вложените пари.

Поврзани новости