Општина Карпош: Посебни канти за отпадот од рестораните „Сидро“

by Fokus

Двата рибни ресторани „Сидро“, кои се наоѓаат во Карпош 3 и кај „Млечен“, беа задолжени да постават посебни канти за собирање на комунален отпад и селектирање на остатоците од храна, бидејќи досега истите ги фрлале во контејнерите наменети за комунален отпад, информираат од општина Карпош.

-Како резултат на непријатната миризба, неправилното одлагање на отпадот и реакциите од граѓаните, инспекциските служби на Општина Карпош заедно со Инспекторатот на Град Скопје, извршија вонреден инспекциски надзор, се наведува во соопштението на општинските власти.

Во него се додава дека по интервенција на инспекторите од локалната самоуправа и Град Скопје, ресторанот „Сидро“, склучил договор со овластена фирма за одлагање на отпад во посебни пластични канти, наменети за таков вид на прехранбени остатоци.

Поврзани новости