Општина Аеродром за кирија троши по 8 000 евра месечно

by fokus

Општина Аеродром за една деценија само за кирија на општинската зграда потрошила 720 000 евра, обелодени ревизорскиот извештај на општината.

Според наодите на ревизорот, од основањето на општината во 2005 година вработените во администрацијата биле сместени во објект под кирија на улицата Венјамин Манџуковски, каде плаќале 6 000 евра.

Минатата година општинската амдинистрација била преселена во друга зграда во потрага по помала кирија, но наместо помали трошоци, сега од касата плаќаат 2000 евра повеќе или 8 000 евра.

Според извештајот, градоначалникот Ивица Коневски однапред ги платил кириите за една година од 1 април лани до годинава во износ од 96 000 евра, а тоа според ревизорот и Законот за јавни набавки е спорно бидејќи авансното плаќање не може да биде поголемо од 20 проценти.

-Произлегува дека за периодот од претходните 10 години, општината по основ на закупнина има потрошено средства во износ од приближно 720.000 евра, а и понатаму е без сопствен деловен објект во кој би работела општинската администрација- стои во извештајот.

Поради ова ревизорот смета дека е потребно раководството на општина Аеродром да ги преиспита трошоците за закупнина.

Од канцеларијаа на Коневски пак, велат дека висината на киријата е резултат на поголемиот обем на работа на Општината, поради што изнајмиле и поголем простор.

Поврзани новости