Општина Аеродром: Тениските игралишта на Самсоненко не се во интерес на граѓаните

by fokus

Општина Аеродром го раскинала договорот за изградба на тениски игралишта со компанијата „Теннис парк“ склучен од претходното раководство.

-Договорот за изградба на тениски игралишта со компанијата „Тенис парк“, во сопственост на Самсоненко, не е во интерес на граѓаните. Договорот предвидува Општината и Градот Скопје целосно да го ослободат инвеститорот од плаќање комуналии, а притоа граѓаните да добијат многу мали бенефиции за користење на игралиштата. Според Договорот, граѓаните би можеле бесплатно да користат само едно игралиште и тоа во ограничено време, додека комуналиите од кои се ослободува инвеститорот се во висина од еден милион евра. Инвеститорот го добива земјиштето на користење 35 години, пишува во соопштението на Општина Аеродром.

Во наредниот период општината ќе донесе одлука како понатаму ќе се искористи овој простор.

Поврзани новости