Општина Аеродром го усвои спорниот ДУП и покрај предупредувањата за еколошка катастрофа

by fokus

Советот на Општина Аеродром го усвои планот за кој советниците од опозицијата предупредуваа дека ќе предизвика  еколошка катастрофа оти предвидува уништување на зелени површини кај Мајчин дом и покрај Вардар, а на местото на сегашни градби превидува паркинзи, пренесе порталот СДК.

Советниците го изгласаа планот и покрај протестот на жители на Аеродром кои се собраа пред општинската зграда. Тие поставија голем транспарент со порака „Стоп за  новиот ДУП, сакаме Аеродром да дише“ и останаа пред општината се додека траеше седницата.

По усвојувањето на ДУП-от, револтираните граѓани најавија дека ќе го оспорат на Уставен суд.

„Сега чаре ни е само Уставниот суд оти имаме сериозни забелешки на планот кои не се замени предвид“, најавија дел од насобраните жители на Аеродром.

Деталниот план беше ставен ненадејно како дополнителна точка на дневен ред. Тоа уште повќе го зголеми револтот на жителите.

Поврзани новости