Опозицијата во Албанија излезе на протести

by Fokus 21:21
21:21

Опозицијата во Албанија денеска започна протести во главниот град на земјата со барање за формирање техничка влада, која ќе ја води земјата и ќе овозможи одржување слободни и фер избори на 18-ти јуни.

Неколку илјади поддржувачи на опозицијата маршираа од централниот булевар во Тирана до канцеларијата на албанскиот премиер Еди Рама, приружувани од силно полициско обезбедување, пренесе МИА.

- Advertisements -

Лидерот на главната опозициска партија – Демократската партија Љуљзим Баша, изјави дека во земјата нема да се случат избори без опозиција.

„Ќе има избори само со техничка влада и ќе излеземе на уште еден последен протест“, порача Баша.

Опозицијата го бојкотира Парламентот од февруари и постави шатори пред канцеларијата на Рама. Опозицијата тврди дека Владата на Рама прави изборни манипулации и затоа не се возможни фер и слободни избори.

Поврзани новости