Опозицијата поднесе иницијатива за импичмент на Иванов

by Фокус

Пратеничката група на СДСМ денеска до Собранието поднесе иницијатива за постапка за утврдување на одговорност за претседателот Ѓорге Иванов кој вчера прогласи аболиција за сите политичари и нивни соработници обвинети и осудени во случаите поврзани со материјалите од прислушуваните разговори.

– Со својата, како што рече тој, општа амнестија на политичарите, Ѓорге Иванов стана заштитник на криминалците, ги погази Уставот, законите и достоинството на граѓаните што е рамно на државен удар. Дополнително му зададе смртоносен удар на договорот од Пржино – рече координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугаревски.

Според него, иницијативата досега е потпишана од 37 пратеници, а во изјавата дадена пред зградата на Собранието, Сугаревски ги повика сите парламентарни партии да ја поддржат оваа иницијатива и  да преземат чекор за враќање на уставниот поредок во Република Македонија.

Поврзани новости