Опозицијата обвинува дека власта шири само лаги за вакцините, СДСМ тврди ќе се обезбедат вакцини за 60 отсто од населението

by fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека власта два месеца лаже за обезбедувањето на  вакцини против Ковид-19. Портпаролот на партијата, Наум Стоилковски критикува дека целиот регион почна со вакцинација, а власта ја обвини дека со месци шири лаги и шпекулира.

-Пораките беа дека Македонија ќе почне вакцинација истовремено со државите од ЕУ. Дополнително се ширеше лага дека Заев добил понуда од Мицотакис за вакцини, исто како што беше лагата од Филипче за вакцините од Бугарија. На 25 декември Заев повторно вели во едно свое интервју: ‘Ја прифативме помошта во вакцини од Грција, Бугарија’, па додава: ‘За нас беше важно да направиме навремени чекори за да ги обезбедиме вакцините’. Вакцинацијата во Грција започна на 27 декември! Вакцините во Софија и во Атина пристигнаа на ден претходно, на 26 декември, и веднаш беа распоредени низ Бугарија и низ Грција. Ама пратка за Македонија немаше, рече Стоилковски.

Власта пак вели дека Владата предводена од СДСМ обезбедува вакцини против Ковид 19 за 60 отсто од населението.

– Граѓаните да бидат спокојни, да не подлегнуваат на лажните тези на ВМРО-ДПМНЕ. Владата предводена од СДСМ, преку три механизми, ќе обезбеди вакцини против корона вирусот за вакцинирање на 60 проценти од населението. ВМРО-ДПМНЕ, како и досега ќе обезбеди само шарени лаги и деструкции, велат од СДСМ.

Поврзани новости