Опожарени повеќе возила во подземна гаража во Скопје

by fokus

Денеска по полноќ биле опожарени повеќе возила во подземна катна гаража во Скопје, пренесуваат од МВР.

„На 24.01.2020 во 01.43 часот во СВР Скопје било пријавено дека во подземна гаража на ул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје настанал пожар во неколку возила. Полициски службеници  излегле на местото и констатирале дека целосно било опожарено патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.К.(32) од Скопје, а делумно биле опожарени патничко возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки и патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Ф.(33) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Извршен е увид“, додаваат од МВР.

Поврзани новости