Операциите за промена на полот ќе ги покрива Фондот

by fokus 18:46
18:46

Операциите за промена на полот ќе бидат на сметка на Фондот за здравство, откри денеска министерот за здравство Венко Филипче.

-Од пред неколку месеци врвен експерт од Србија е на расолагање на трансџендер хирургија за операции на сметка на Фондот, рече Филипче.

Министерот нагласи дека операциите за промена на полот отсега ќе бидат на товар на Фондот за здравство, а нема да се плаќаат приватно како досега. На Универзитетската Клиника за урологија ќе биде отворен и оддел за реконструктивна урологија и андрологија.

Поврзани новости