Опасност од цунами кај Нов Зеланд

by fokus

Земјотрес со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Тихиот Океан меѓу Австралија и Фиџи, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот на земјотресот бил на 548 километри од Нуме, главен град на Нова Каледонија на длабочина од 10 километри, соопшти ЕМСЦ.

По тој земјотрес следувале уште три земјотреси со јачина од 5,7 до 6,1 степени во рок од еден час.

Американскиот центар за предупредување за цунами издаде предупредувања за цунами во Американска Самоа, Вануату, Фиџи и Нов Зеланд.

За Хаваи и Австралија нема опасност од цунами.

Поврзани новости