Опасност од еколошка катастрофа, напуштен танкер може да експлодира

by lali

Танкер, товарен со 160 милиони литри нафта, кој со години плови недалеку од брегот на Јемен би можело да експлодира и да ја предизвика најголемата еколошка катастрофа во историјата на нашата планета, пишува „Гардијан“.

Проблемот се јавува бидејќи во државата, лоцирана на Арабискиот полуостров, има граѓанска војна помеѓу владините сили и бунтовниците Хути. И двете страни сакаат да дојдат до танкерот и да запленат нафтата вредна 80 милиони долари.

Експерти од ОН, на коишто минатата недела бунтовниците им забранија да се приближат до бродот, деновиве планираат повторно да се обидат да дојдат до него за да ја утврдат состојбата бидејќи се проценува дека неговата конструкција би можела да попушти и да се распадне под атмосферските влијанија бидејќи во вадата се забележани првите траги од нафта. Не се сиклучува ниту можноста од негова експлозија. И во двата случаја, во Црвеното море би се излеале огромни количества нафта, четири пати повеќе од катастрофата на „Ексон“ во 1989 година, која до денес се смета за најголема во историјата на нашата планета.

Танкерот „Сафер“, сопственост на јеменската влада, е блокиран од 2015 година, откако подрачјето во кое е закотвен падна под контрола на бунтовниците Хути. Во случај на хаварија, ќе биде загрозено подрачјето од протокот Баб ел Мандеб и Суецкиот канал, па сѐ до Хормушкиот теснец.

Поврзани новости