25
Штотуку заврши изборот на Мис на свет 2025, кој годинава се одржа во Хајдерабад, Индија. Круната на 72-то издание на настанот ја освои претставничката на Тајланд, Opal Suchata Chuangsri.
Таа беше крунисана од страна на ланската убавица, Кристина Пишкова од Чешка.
Настанот се одржуваше од седми до 31-ви мај, кога се случи големото финале. Македонија по десет години пауза имаше своја претставничка, студентката Черна Невзати од Скопје.
Иако ги освои симпатиите на јавноста, Невзати сепак не успеа да се најде помеѓу високо пласираните учеснички. На гламурозната сцена се претставија учесничките од 108 земји., а настанот можеше да се следи во живо на каналот Јутјуб.
Вики Клинчарова