Оние што сакаат ревакцинација со „АстраЗенека“, ќе мора пак да одат во Србија

by Фокус

Граѓаните кои примија прва доза од вакцината „Астра Зенека“, а сакаат да се ревакцинираат со истата, тоа може да го сторат во соседна Србија, рече министерот Венко Филипче, истакнувајќи дека Министерството за здравство останува на препораката да не се прима ревакцинација од „Астра Зенека“ кај лица помлади од 60 години.

-Оние кои сметаат и имаат волја да ја примат втората доза на вакцината на „Астра Зенека“ тоа може да го сторат во соседна Србија. Ние не препорачуваме ревакцина од „Астра Зенека“ кај сите кои се на возраст под 60 години – рече Филипче.

Тој посочи дека, сепак, има мала бројка на тромботични ситуации кои се посебно предизвикани кај помлади луѓе и затоа треба да се биде внимателен.

Поврзани новости