Они трошат на бифтек од 5200 денари, а ние немаме за леб!

by lali

Сите добро ја памтите познатата стара буџетска на Ставре – „Ние трошиме на чоколада, а немаме за леб!“ која сега слободно можеме да ја формулираме во „Они трошат на бифтек, а ние немаме ни за леб“.

И се додека голем дел од граѓаните три пати ги поминуваат продавниците, пазарите и маркетите за да си споредат цените и го купат она што е најевтино па дури и за денар помалку, а за километар пеш повеќе, нашите министрества трошат на бифтек од 5200 денари и ручеци од 20 000 денари, додека граѓаните во некои делови од Македонија немаат чиста вода за пиење, они трошат на скапи виски пијалоци, и додека граѓаните во Македонија мака мачат со сметки за струја, поминати ноќи во долгови, они трошат на ноќи и забави во скапи ексклузивни хотели.

 

За што точно станува збор, повеќе и подетално може да прочитате на НОВА ТВ и да ја погледнете утрешната емисија ЈАВНО којашто ќе се емитува на истиот портал. Задолжително погледнете ги оние истите што 10 години ве убедуваат дека во вас е силата, дека вие треба да одлучите и дека вие го знаете патот до успехот, а они тоа ќе ви го овозможат. Како?! Ќе ве викнат на ручек од 20 000 денари? Навистина, нив треба да ги прашате, затоа што сепак тоа се ваши (наши) пари за кои треба да знаете на што ви се потрошени. А да, и бонус прашање, дали некогаш сте јаделе, пробале или воoпшто сте виделе бифтек од 5200 денари, којшто вие претходно сте го платиле? Ако не сте сигурни, прашајте си го стомакот, тој најдобро ви памти.

Поврзани новости