Они да би можат и фантомски првооделенци ќе запишат!

by lali

Во Македонија во 2006 се запишале 30.874 првоодделенци, а 10 години подоцна, во 2016 година се запишале само 20.700 првоодделенци. Ваква погубна статистика за држава која преку владините реклами се преставува како движечка сила во Европа, како оаза на инвестиции во регионот, како светол пат на блескава иднина на сите генерации може да се случи само кога ќе се споредат фрлени државни пари за реклами за трето дете и бројките на првооделенците првата и последната година од нивното владеење.  Но, бројките мене не ме чудат, и јас не би дозволил дете да ми учи и да се развива во општество каде учителките го слушаат гласот на партијата, а не потребите на децата, онаму каде децата наместо да мијат раце во реновирани тоалети, мијат во полн леген со вода пред училница заедно со другите деца.

Од сите безуспешни владини реклами, сдна од најпознатите што ја запамтив одеше на сите можни спортски полувремиња на МТВ: Твоите ќе ни купат количка, моите креветче, 1000ка нема да одиме во кафана и ете ти. БЕБЕ! Епа изгледа во последниве 10 години изгледа многумина одлучиле таа заштедена 1000ката од кафана, да ја потрошат баш во кафана.

Ама власта, ох и тоа како, они да би можеле и фантомвски првооделенци ќе запишат, само за да не признаат дека владините реклами за трето дете се неуспешни! Само за да не признаат дека нивната политика е погубна за иднината на нашите, па дури и за нивните деца.

Власта ја погуби иднината, ја отсели, ја избрка, ја протера, сакале вие прифатете, сакале не, но така и ќе продолжи ако останете пасивни како што сте биле. Затоа да не дозволиме на крај пред Груевски да му останат за аплауз само оние родители кои својте деца ги пратиле во странство, неприфаќајќи ја тешката ситуација за своите чеда во државата.