ОН: Повеќе од третина од жените во светот доживеале насилство

by fokus

Во светот, повеќе од една третина жени во текот на својот живот има доживеано физичко и/ или сексуално насилство; 750 милиони жени стапиле во брак пред 18-годишна возраст, а повеќе од 250 милиони биле подложени на допирање на нивните гениталии, се наведува во пораката на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш по повод Меѓународниот ден против насилство врз жените.

ОН вели дека секоја жена и девојка има право на живот без насилство, но исто така се констатира дека кршењето на човековите права во различни форми се јавува во секоја заедница, а особено се погодени најмаргинализираните и најранливите.

Се додава дека зачестеноста на нападите врз активистките за правата на жените е загрижувачка, а насилството врз политичарките го попречува напредокот во остварувањето на граѓанските, политичките, социјалните, економските и културните права на жената.

Во текстот на ОН се забележува дека денес е прифатен ставот оти насилството врз жените, вклучувајќи ги вознемирувањето и штетните практики, претставува значајна пречка за остварување на човековите права и директно се доведува во прашање вклучувањето и учеството на жените во одржување на мирот.

Поврзани новости