ОН: Ограничувањето на абортусот само го прави посмртоносен

by Фокус

Ограничувањето на пристапот до абортусот не ги спречува луѓето да го вршат и „тоа само го прави посмртоносен“, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, откако Врховниот суд на САД ја укина одлуката од 1973 година за легализирање на абортусот.

„Сексуалното и репродуктивното здравје и права се основата на животот по избор, зајакнување и еднаквост за жените и девојчињата ширум светот. Ограничувањето на пристапот до абортус не ги спречува луѓето да бараат абортус, тоа само го прави посмртоносен“, изјави портпаролот Стефан Дујарик.

Агенцијата на ОН за сексуално и репродуктивно здравје наведува дека „неверојатни 45 отсто од сите абортуси во светот се ризични, што ги прави најголема причина за смрт на мајките“.

Врховниот суд на САД денеска ја поништи 50-годишната пресуда со која се легализираше абортусот во целата земја, поради што милиони жени ќе го изгубат законското право на абортус.

Поврзани новости