ОН: Мигрантите и бегалците под итно да се ослободат од затворите

by fokus

Организациите на Обединети нации ја повикаа меѓународната заедница за време на пандемијата со новиот корона вирус да ги заштити мигрантите и бегалците и под итно да ги ослободи од затвор.

Организациите на ОН, Комесаријатот за човекови права (УНХЦР), Меѓународната организација за миграција (ИОМ) и Светска здравствена организација (СЗО) во заедничко соопштение ја предупредија меѓународната заедница дека мигрантите, бегалците и апатридите се ризични групи за време на пандемијата со Ковид-19.

Тие предупредуваат дека мигрантите и бегаците живеат во кампови и колективни центри каде недостасуваат основна здравствена заштита и хигиенски услови.

Во заедничкото соопштение се наведува дека ризичната популација треба да има еднаков пристап до тестовите и лекувањето од новиот корона вирус.

– Посебно е загрижувачка ситуацијата со бегалците и мигрантите кои се во официјален и неофицијален притвор и претстојуваат во пренатрупани и несоодветни објекти. Поради смртоносната опасност од корона вирусот тие лица под итно треба да бидат ослободени, без никакво одложување, се посочува во соопштението.

До сите земји е упатен апел да се почитуваат човековите права на мигрантите и бегалците и да не ги депортираат за време на пандемијата, туку да им обезбедат здравствена контрола.

Поврзани новости