ОМД: Со заштита на оние кои го прекршиле правото, се отвара врата за нови изборни манипулации

by Фокус

Обединетата македонска дијаспора (ОМД), најголемата организација на Македонците надвор од Македонија по повод одлуката на претседателот Иванов за аболиција на сите обвинети политичари за кои се води судски процес или постои постапка на подигнување на обвинителен акт, базираjќи се на основните принципи на морал и етика, владеење на правото и практикување демократија во државите во кои работи и делува, најостро реагира на овој акт кој уште повеќе го нарушува интегритетот и меѓународниот углед на државата и на македонските граѓани во светот.

– Овој акт ќе придонесе за продолжување на кризата во Република Македонија наместо за нејзино решавање. ОМД наведува дека со овој акт Претседателот Иванов наместо да биде фактор за обединување и медијатор за решавање на длабоката политичка криза која трае скоро две години, тој дополнително го наруши целокупниот кредибилитет на Институцијата на Претседател на Република Македонија не само пред граѓаните но истотака и пред меѓународната заедница. Со заштита на оние кои го прекршиле правото, се отвара врата за идни нови изборни манипулации – се наведува во соопштението од ОМД.

Од таму потенцираат дека секој граѓанин е еднаков пред законот и треба по судски пат да одговара за незаконски дејствија.

ОМД го повикува Македонскиот народ и другите етникуми во државата во овие моменти кога сериозно е нарушено градењето на морално и етичко општество, уште еднаш да ја покаже својата мурдост. ОМД очекува македонските граѓани, во претстојните денови и месеци, преку својот несомнен демократски капацитет, да реагираат храбро и мудро, со цел да се дојде до разрешница на кризата. Со продолжување на оваа криза најмногу од сите губат Македонија и македонските граѓани.

Поврзани новости