ОМД ги повикува Владата и опозицијата на интензивен дијалог

by Фокус

Обединета македонска дијаспора ги повикува Владата и опозицијата на интензивен дијалог за решавање на политичката криза, под покровителство на двете највисоки институции во Македонија, Претседателството и Собранието. Според нив, најголем губитник од оваа ситуација е Македонија и македонскиот народ, и затоа бараат националниот интерес да се стави над партискиот, со цел да се врати нормално функционирање на државните установи.

 – ОМД смета дека е особено важно да се открие кој ја повредил слободата на граѓаните и ги прислушкувал во запрепастувачки голем број, толку долго време, и зафатил разни слоеви на општеството. Со ова прислушкување грубо е прекршено основното човеково право на приватност.Со помошта на овие снимки е исто така важно да се открие дали имало повреда на демократијата во државата преку прекршување на изборните закони, злоупотреба на јавни функции, монтирани политички случаеви, манипулирање со медиумите, како и влијание врз независноста на судството. Истражните органи и судството имаат должност да ја истражат валидноста на овие снимки како и нивните импликации. Личностите засегнати со овие снимки мораат да снесат последици доколку извршиле криминал – се наведува во нивното соопштение.

Поврзани новости