ОМД бара повлекување на претставник за странски инвестиции поради навреди кон нив

by fokus

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) денеска испратила писмо до премиерот Емил Димитриев во кое бара отстранување на меѓународниот претставник на Агенцијата за странски инвестиции на Република Македонија во Вашингтон, господинот Оливер Ристиќ.

Според ОМД, Ристиќ ги навредувал на социјалните мрежи и изнесувал невистини за нивната организација. Кликнете тука за копија од коментарите на Ристиќ. Од нив може да се прочита дека Ристиќ вели дека ОМД не прави ништо за помош на Македонија, туку само се фали наоколу.

-ОМД смета дека наша обврска е да реагираме секогаш кога нечии постапки резултираат со делење на македонското национално ткиво. Освен членовите на ОМД, Ристиќ ги навреди и сите останати македонски иселеници низ светот негирајќи го нивниот придонес во градењето на Република Македонија, како и нивната несебична помош во вид на донации во последните 25 години, напишале од ОМД во писмото до премиерот Димитриев.

Поврзани новости