ОМ: Љубе Бошкоски е политички затвореник

by Фокус

Денешното повлекување на Јавната обвинителка за случајот „Ровер“ јасно ја покажа вистинската основа за монтираниот случај за претседателот на ОМ, Љубе Бошкоски, реагираат од Обединети за Македонија.

-Уште во текот на изминатиот период ОМ укажуваше на постоењето на непобитни факти и докази за местењето на случајот. Очекуваме предметот наскоро да биде превземен од страна на СЈО, како случај во кој нашиот лидер е затворен врз основа на монтиран случај и дека Бошкоски е политички затвореник во Република Македонија, за кој се произнесоа меѓународните организации за човекови права, високи странски државни институции, како и странскиот дипломатски кор во земјава, се вели во соопштението на Обединети за Македонија.

Поврзани новости