Оксфордската вакцина за најзагрозените во Британија може да стигне до крајот на годинава

by fokus

Оксфордската вакцина против Ковид 19 за потребите на најзагрозените во Британија можеби ќе стигне до крајот на оваа или на почетокот на наредната година.

Британската компанија „АстраЗенека“ којашто ја разви заедно со научници од Оксфорд во наредните месец дена ќе произведе околу милијарда дози, изјавил за Индекс.хр професорот по молекуларна биологија од Медицинскиот факултет во Оксфорд, Кристија Рамадан.

Тој вели дека „АстраЗенека“ за време на пандемијата нема да има финансиски профит од вакцините поради договорот со Универзитетот во Оксфорд и бидејќи државните и приватните партнери обезбедиле финансиски средства вакцината да се развие и произведе.

Поврзани новости