Крпач пукал и надвор од станот

by fokus

Пред сам да си пресуди, Коста Крпач пукал и надвор од станот, но засега е непознато кон кого и поради што. Ова го изјавија денеска од Основното јавно обвинителство , од каде децидно тврдат дека Крпач се самоубил.

Ова таму додаваат дека во моментот истражуваат што го натерало Крпач да си го одземе животот.

Како што велат од ОЈО, биле испитани 19 лица, од кои 10 службеници од МВР кои биле на местото на истрагата на денот на самоубиството.

Коста Крпач беше пронајден мртов во неговиот стан на 27 април, по пријава на сосед. Од Обвинителството велат дека пријавувачот се нашол сосема случајно во близина и ги слушнал рафалните истрели од кои неколку завршиле во комбе на паркингот пред зградата каде што живее Крпач.

Досегашната истрага покажала дека Крпач пукал со сопствен револвер и за тоа поседувал дозвола. Нејасно е зошто пукал во комбето, а потоа си го одзел и животот.

Инаку, на последната прес-конференција од СЈО информираа дека освен за последниот случај „Трезор”, Крпач бил сведок и за други предмети.

Поврзани новости