ОЈО констатираше дека докторката Масин се самоубила

by fokus

Основното јавно обвинителство по осум месеци ја затвори истрагата за смртта на докторката Јелка Масин-Спасовска со заклучок дека таа се самоубила.

По анализата на доказите, на трагите и вештачењата, како и од резултатите од обдукцијата, се констатира дека смртта настанала по повредите кои починатата докторка сама си ги нанела со нож. Забележани биле исеченици на рацете и убоди во вратот, од кои едниот бил фатален и смртоносен.

Според ОЈО, на телото на Масин-Спасовска немало траги на насилство, а во моментот на настапување на смртта немало никој со неа во станот во населбата Капиштец.

Поврзани новости