Охриѓанка ќе добие казна за навреди на Фејсбук: Да се запали хотелот со Евреите во него

by Fokus

Полициски службеници од СВР Охрид извршиле службен разговор во СВР Охрид со В.С. (38) од Охридско.

Таа во текот на вчерашниот ден на социјалната мрежа Фејсбук поставила содржина со која извршила кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем” казниво по член 394-г од КЗ (фејсбук коментар „да се запали хотелот со Евреите во него“).

При разговорот, се појаснува во соопштението од МВР, В.С. изјавила дека таа во текот на вчерашниот ден ја поставила содржината, а денеска самата ја избришала.

По целосно документирање на случајот до ОЈО Охрид ќе биде поднесена кривична пријава по член 394-г од КЗ.

Поврзани новости