Охриѓанка го лажела судот дека зема пониска плата за да исплаќа помала алиментација за нејзината ќерка

by fokus

Против 36-годишната охриѓанка, Г.Т. е поднесена кривична пријава за сторено дело „поднесување лажни докази“ затоа што поднела лажните документи до охридскиот Основен суд каде се водела нејзината бракоразводна постапка. Охриѓанката излажала за висината на нејзините месечни примања со цел судот да и одреди да плаќа помала алиментација.

Според Министерството за внатрешни работи Г.Т. како доказ употребила исправа за која знаела дека е невистинита со цел да и биде изречена помала сума за издршка на малолетната ќерка. Таа пред судот приложила лажен доказ односно невистинити исплатни листи за месечна нето плата од вкупно 13.000 денари во првите три месеци од оваа година иако знаела дека за истиот период, нејзината плата изнесувала 18.000 денари.

Тоа било суштинско во бракоразводната постапка и во пресудата на Основниот суд во Охрид да биде задолжена да исплаќа помал износ за издршка на малолетно дете, велат од МВР.

Поврзани новости