Охриѓанецот кој почина од британскиот вид на корона вирус имал 46 години

by Fokus 14:45
14:45

Лице на возраст од 46 години од Охрид е првата жртва на британскиот вид на корона вирус. Министерот за здравство Венко Филипче ја потврди веста за „Фокус”. Додава дека кај пациентот постоел ризик фактор – обезност.

Случајот е од четврти јануари, кога кога бил потврден позитивен тест кај заболениот. Исто така, регистриран е уште еден случај на новиот тип на корона вирус кај пациент од Скопје, кој се излекувал пред четири дена. Неговиот случај е од 18-ти јануари.

- Advertisements -

Вики Клинчарова

Поврзани новости