Охриѓанец уапсен затоа искршил наплатна куќарка на ЈП „Билјанини извори“

by Fokus

Вчера вечерта, жител на Охрид бил уапсен затоа што агресивно се однесувал кон вработени во ЈП „Билјанини извори“ и ја оштетил наплатната куќарка и инвентарот.

„На 20.07.2021 околу 19.00 часот на бул.„Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Н.С.(47) од Охрид, затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработени во Јавното претпријатие „Билјанини извори“ и со оштетување на наплатната куќарка и инвентарот. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Поврзани новости