Охридските хотелиери се жалат: Еден месец нема да не извади од кризата

by Fokus

Хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера се исполнети повеќе од половина. Максимална исполнетост од 80 – 90 проценти хотелиерите очекуваат околу Илинден, период во кој пред пандемијата се бараше кревет повеќе.

Претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажески очекува во текот на идниот месец, исполнетоста да биде и над 70 отсто, но тоа, вели, нема да ги извади од кризата во која се наоѓа секторот.

– На Охридскиот аеродром вчера слета првиот авион од „Птуј“. Но тоа ќе бидат само еден или два чартер летови неделно, во зависност од побарувачката и е мала помош, инекција во исполнување на сместувачките капацитети. Пред пандемијата овој период имавме пет-шест чартер летови неделно од Холанѓани, па и од други држави, кога хотелите беа значително исполнети. Во текот на идниот месец очекуваме исполнетоста да биде над 70 проценти, но тоа не не вади од кризата. Ако погледнеме статистика за првите шест месеци од годината кога немаме ништо овој месец нема да не извади, туку малку ќе ублажи, смета Блажески.

Поврзани новости