Охридски Комуналец „раскина“ со Нефи Усеини

by fokus

Управниот одбор на ЈП „Охридски Комуналец“ на седница која се одржа денеска донесе одлука да бидат раскинати договорите со компанијата НИФИ ИК на Нефи Усеини, советникот од ДУИ во Советот на Општина Охрид, пренесува „Мета“.

Одлуката е по препорака на Антикорупциска комисија и мислењето кое таа го испрати до Општина Охрид дека општината не може да влегува во деловни односи со фирма каде како сопственик се наоѓа член на Советот или е во сопственост на негови блиски лица.

Со фирмата НИФИ ИК, ЈП „Охридски Комуналец“ имал склучено вкупно три договори.

-Едниот е за набавка на градежни материјали, другиот за одржување на депонијата Буково и третиот кој не е уште почнат со реализација, е за користење на возило со кран дигалка за сечење на опасни дрва – вели директорот на „Охридски Комуналец“ , Љупчо Грданоски.

Поврзани новости