Охрид SOS за дрвата: Кадрите на СДСМ се натпреваруваат кој ќе направи поголема глупост!

by Fokus

Денеска на социјалните мрежи се појавија фотографии од дрва кои буквално се асфалтирани во градот Охрид, што го навлече гневот на јавноста, но и на граѓанските активисти.

Драгана Велковска од граѓанската иницијатива Охрид SOS за „Фокус“ даде став околу оваа ситуација и според неа, град Охрид заминал чекор понапред.

„Се чини како кадрите на СДСМ да се натпреваруваат помеѓу себе, кој ќе направи поголема глупост. Денеска сме сведоци дека Општина Охрид отиде чекор понапред во тоа лудило. Упорно се продолжува практиката на активности без јавна расправа, без каква било информација за жителите на општината, без консултирање на стручни лица, доколку самите за нешто не се запознаени. Локацијата е во старото градско јадро, за кое има посебен закон, дополнително донесен е План за управување со Охридскиот Регион, за кој толку многу се фалеа дека го усвоиле. Дали заробувањето на дрвја и одземањето делови од шумата и вегетацијата на калето е во склад со овие закони и планови? Зошто да се шири коловозот во тој дел од градот?“, вели Велковска.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости