Охрид ќе има организиран дочек на Нова година на плоштад

by Fokus

На градскиот плоштад во Охрид ќе има новогодишна забава во организација на здруженијата на охридскиот угостителски еснаф и на хотелиери на Македонија.

Општината ги откажа планираните празнични свечености поради ненадајната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски, но според хотелиерите, туристичкиот центар треба да има организиран дочек за највеселата ноќ.

Претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажески во изјава за МИА посочи дека Охрид е туристички центар и треба да има организиран дочек, а прославата ја посветуваат во чест на прерано починатиот градоначалник.

– Имаше веќе договорени работи, што не би требало да се откажуваат. Ние ја преземавме организацијата, бидејќи сметаме дека во најголемиот туристички центар треба да се случува нешто. Уште од почетокот сугериравме да се организира нешто, да не биде година без дочек на плоштад, изјави Блажески.

Покрај мислењето на хотелиерите и угостителите, нагласи дека за организиран дочек сугерирале и граѓаните.

Охриѓани и гостите ќе ги забавуваат Ѓоко Танески, Жармена, групите Бетис Бупс и Бекдор бенд и ди-џеј Петар.

Поврзани новости