Ограбена златарница во Струга

by fokus

Непознато лице вчера ограбило златарница во Струга.

Како што соопшти МВР, вчера во 17.15 часот во златарница на улица „Маршал Тито“ во Струга, лицето извршило разбојништво над вработениот, при што му побарал прстен кој наводно претходно го порачал.

Откако вработениот, по извршен разговор со сопственикот, му рекол дека треба прво да го донесе неговиот прстен, непознатото лице ставило една ќеса на масата и му се заканило дека во ќесата има бомба.

После тоа сторителот одзел еден златен прстен со вредност од околу 11.000 денари и побегнал во непознат правец.

МВР презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.

Поврзани новости