Ограбен Јапонец на Камени мост, крадците барале да им ги покаже јените

by fokus

Државјанин на Јапонија бил оградебн вчера околу 12.00 часот на Камени мост додека се движел во правец кон Старата скопска чаршија. Крадците му го одзеле паричникот во кој имал 25.000 денари и 5.000 јапонски јени.

Според информации од полицијата додека С.М. се движел по мостот го пресретнале неколку непознати машки лица, од кои едно од нив му рекло да им покаже јапонски пари. С.М. го извадил паричникот, а едно од лицата го грабнал и избегал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Поврзани новости