Оги: Ние немаме моќ како големите компании да финансираме избори, затоа сме првиот таргет

by fokus

Сопственикот на клубот Сектор, Огнен Узуновски Оги напиша дополнување на предходниот негов фејсбук статус. Овој пат го опишува своето разочарување од односот на власта и институциите кон малите компании по синоќешната акција на полицијата во која беше приведен.

„Односот на инспекциите најдобро го илустрира политичкиот прогон врз угостителите. Како што знаете, најголемиот процент од компаниите во овие дејности се микро или мали претпријатија и економскиот товар врз нас е неиздржлив. Постојано сме етикетирани дека припаѓаме на оваа или онаа партија, и во зависност од тоа кој ја има моќта, така и ние сме таргетирани. Од друга страна, секогаш кога буџетот е послаб, ние сме првиот таргет на сите инспекции и се очекува од казни врз кафеани, кафулиња, локални продавници, фризери и бербери да се полни буџетот. Ние немаме моќ како големите компании да финансираме избори, да корумпираме и да учествуваме на милионски тендери, па затоа како слаби и необединети сме најчестите жртви на селективната и погрешна казнена политика. Бараме драстично намалување на казните и ревидирање на улогата на инспекцијата во овие процеси. Бараме да престане и злоупотребата на полицијата за инспекциски контроли. Само во Македонија сопствениците, вработените и гостите можат да бидат вознемирувани од цели единици инспекции во придружба со полиција, без налог од суд, како да сме терористи“, напиша Оги.

Поврзани новости