Официјално: Шилегов со 40.000 гласови повеќе од Трајановски стана градоначалник на Скопје

by fokus

Предмалку ДИК на својата веб страница ги објави сто отсто преброените гласачки места во Скопје, според кои Петре Шилегов од СДСМ победи во првиот круг и стана градоначалник на Скопје.

Шилегов освои 50,32 отсто или 141.119 гласови. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски, освои 36,18 отсто или 101,464 гласови.

Попладнево и пред да бидат преброени сто отсто од гласачките места, Шилегов прогласи победа во прв круг и порача дека се раѓа ново Скопје.

-Новото Скопје повторно се раѓа, а Македонија ги заокружи промените и тргна напред. Резултатите се јасни, во Скопје имаме победа во првиот круг,“ изјави Шилегов на денешната прес-конференција.

Поврзани новости