Одѕив до 9 часот: Во Штип 2,94, а во Пласница 7,37 отсто

by fokus

На денешните предвремени избори за градоначалник на Општина Штип до 9:00 часот гласале 1227 гласачи, односно 2,94 отсто, а на изборите за прв човек на Општина Пласница – 365 избирачи, односно 7,37 проценти, соопшти претпладнево Државната изборна комисија (ДИК).

ДИК потестува дека право на глас за предвремените избори за градноначалник во Штип имаат вкупно 41 177 гласачи, додека во Пласница 4 954.

– Сите избирачки места во општина Штип и општина Пласница се навремено отворени, и гласањето се одвива без никакви проблеми. Гласањето е започнато во 7:00 часот и ќе трае до 19:00 часот, се додава во соопштението на ДИК.

ДИК потсетува дека информациите во однос на излезноста на гласање, како и резултатите во живо по завршувањето на гласањето ќе можат да бидат следени на веб страницата www.lokalni2020.sec.mk.

Избирачите со право на глас на вонредните избори за градоначалник на Општина Штип можат да гласаат на 77 избирачки места за еден од петмината кандидати за градоначалник, кој ќе има мандат од девет месеци се до редовните Локални избори во 2021 година.

На овие избори за градоначалник во општина Пласница избирачите од четири села може да гласаат на девет избирачки места.

Изминатите два дена во Штип и Пласница гласаа ковид болните, лицата во изолација, болните и немоќни, осудениците и станари на геријатриски домови. Како што соопшти синоќа Државната изборна комисија, избирачките одбори го спроведоа гласањето на овие лица и до општинските изборни комисии доставија известувања со соодветна документација.

Поврзани новости