Одземено оружје од пензионерка, не ни знаела дека го има во домот!

by Fokus

Пред два дена во Велес полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес со наредба на Основен суд Велес, извршиле претрес во домот на седумдесетипет-годишна пензионерка од село Ореше, Велешко.

Како што информираат од СВР Велес, при претресот биле пронајдени  и одземени ловечка пушка „ТОЗ – 63“ калибар 16 мм и патрон со калибар 16 мм за ловечка пушка кои пензионерката ги поседувала без дозвола.

-По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, истакнаа од СВР Велес.

Повеќе медиуми за настанот известија дека оружјето било пронајдено кај старец, но како што дознава „Фокус“, сепак станувало збор за пензионерка, која дури и не знаела дека дома има оружје.

Неофицијално, оружјето припаѓало на нејзиниот сопруг кој бил починат, а таа ниту знаела за пушката и муницијата, ниту пак дека според закон требало да ги предаде во полиција.

Вики Клинчарова

Поврзани новости