Одземена и е круната на турската мисица поради твит за ланскиот пуч

by fokus

На победничката на Мис Турција 2017 и е одземена круната поради твит поврзан со минатогодишниот пуч. 18-годишната Итир Есен, во свој коментар на социјалната мрежа го спореди својот менструален циклус со крвта на жртвите кои го изгубија животот за време на пучот. Организаторите на натпреварот решија дека твитот е неприфатлив и само неколку часа по победата одлучија да ја дисквалификуваат.

Твитот бил објавен на годишнината од државниот удар во Турција. Итар Есен преку својот профил напишала: „Од утринава имам менструација за да го прославам 15-јули денот на мачениците. Го прославувам денот со тоа што крварам за нашите маченици“.

Организаторите ја образложија одлуката велејќи дека е непримерно Мис на Турција, која треба да ја претстави земјата во светот, да има зад себе такви статуси.

Ова не е прв пат мисица да биде казнета поради политички причини. Победничката од минатата година доби суспендирана казна од 14 месеци затвор затоа што го навредила претседателот Ердоган со сатирична поема која ја споделила на социјалните мрежи, пишува BBC.

Поврзани новости